Подесувања на документи

Во подесувањата на документот, можете да го дефинирате стандардниот тип на документ за модулот Документи и задачи. Изборот на стандардниот тип на документ овозможува побрз внес на податоци. Програмата исто така ви овозможува да ја изберете стандардната класификација за документот. Подесувањата за документи во програмата PANTHEON Web Light може да се најдат во Подесувања на картичката Документација.
Во ова поглавје, ќе ви покажеме пример за подесувања на документи за модулот Документи и задачи, во PANTHEON Web Light програма.
 |
СОВЕТ
Можете да прочитате повеќе за подесуцањата на документи во поглавјето Документи.
|
 |
ОПИС НА ПРИМЕРОТ
Одговорното лице, за побрзо работење, сака да постави стандарден документ и стандардна класификација за модулот Документи и задачи. Го избира посакуваниот стандарден документ и класификација во подесувањата на документот. Тоа го прави следејќи ги овие чекори:
- Избор на подесувања на документ
- Избор на стандарден тип на документ
- Избор на стандардна класификација
|
1. Избор на подесувања на документ
Одговорното лице сака да ги отвори поставките на документот.
Го избира модулот Подесувања и картичката Документација.
Се отвора празен прозорец за поставување стандардни вредности.
 |
ВНИМАНИЕ
Стандардните поставки се зачувуваат на корисничко ниво. Секој корисник може да има свои стандардни поставки за тип на документ.
|

2. Избор на стандарден тип на документ
Одговорното лице сака да го избере документот: SKN0 - SKEN како стандарден документ.
Во полето Број на документ избира документ од паѓачката листа: SKN0 - SKEN.

3. Избор на стандардна класификација
Одговорното лице сака да да ја постави стандардната класификација 250 - Фактури за документи .
Во полето Класификација избира од паѓачката листа: 250 - Фактури.

За модулот Документите и задачите поставени се стандардните подесувања за креирање нов документ.
Стандардната вредност на документот може да се промени по желба.