Сепаратори за документи

Физичките документи примени во компанијата како на пр. пликоа, треба да бидат отворени и означени со уникатни идентификациони вредности, што вообичаено е налепница со баркод.
Кога се означуваат документите, соодветна архива и складиште треба да се дефинираат за секој влезен документ, што значи документот ќе биде класифициран.
Со користење на формата за Баркодови на документи баркодовите за документите може да се подготват и испечатат на хартија и да се поврзат со дигиталната архива на Пантеон.
До формата може да се пристапи преку Документи со кликање на копчето
(Увоз/Извоз на податоци) и одбирајќи ја опцијата Баркодови на документи .
Во продолжение опис на формата и индивидуалните елементи.

Делот Филтер Овозможува пребарување на баркодови на документи кои се веќе креирани. Ги содржи следните елементи:
Датум од
|
Внеси го почетниот датум во ова поле. Програмот во прозорецот со креирани баркодови ги прикажува оние баркодови кои се креирани на или после датумот кој е внесен во полето Датум од .
|
(Датум) До
|
Внеси го крајниот датум во ова поле. Програмот во прозорецот со креирани баркодови ги прикажува оние баркодови кои се креирани на или пред датумот кој е внесен во полето До .
|
Архива
|
Од паѓачкото мени, одбери го типот на архива по кој сакате да ги филтрирате баркодовите кои се веќе креирани.
|
Избери (копче)
|
Со клик на копчето се потврдуваат внесените филтри. Програмот ги прикажува генерираните баркодови, во прозорецот за баркодови, кои одговараат на сетот на филтри.
|
Во делот Припрема се припремаат нови баркодови користејќи префикси, суфикси и шифри со цел поврзување на принтаните документи со архивата на Пантеон.
Префикс
|
Внеси било каков алфанумерички префикс за кодот на баркод кој сакаш да се подготви.
|
Суфикс
|
Внеси било каков алфанумерички суфикс за кодот на баркод кој сакаш да се подготви.
|
Архива
|
Од паѓачкото мени, одбери го типот на архива кој ќе биде дел од баркодот кој сакате да го направите.
|
Бр. цифри
|
Во полето Бр. цифри дефинирај ја должината на цифрите на баркодот. Може да се внесат од 3 до 20 цифри.
|
Декларации
|
Во полето Декларации дефинирај го бројот на баркодови кои сакаш да се креираат.
|
Припремиe (копче)
|
Со кликање на копчето се припремаат баркодовите на документите врз база на одбраните параметри. Баркодовите се прикажани на десната страна на Филтер делот.
|
Овој дел ги прикажува подготвените баркодоци врз база на параметрите одбрани во делот Припрема . Тука се содржат следните елементи:
Изб. (Одбрано)
|
Означи го прозорчето пред баркодовите кои сакаш да ги испечатиш.
|
Надворешен ИД
|
Се прикажува генерираниот баркод со одбраните параметри во делот Припрема .
|
Архива
|
Покажува информација за одбраниот тип на архива во делот Припрема .
|
Датум на креирање
|
Го покажува даутмот и времето на креирање на баркодовите на документите.
|
Печати (копче)
|
Со кликање на копчето се отвора предпреглед на извештајот 02U – Labels Zweckform 3657 со подготвените баркодови.
Тогаш, баркодовите може да се испечатат на физички документи. На овој начин документите на соодветен начин ќе бидат класифицирани заедно на едно место.

|