Промена на даночната стапка
Промена на даночната стапка
Промена на даночната стапка
Во случај на законска промена на висината на даночната стапка, за идентите кои се наоѓаат на складиштата на малопродажба, со помош на функцијата Поправка на даночните стапки се креираат документи Промени на цената.
Во волшебникот ја активираме функцијата 100004S - Поправка на даночните стапки:

Го избираме критериумот:
Основа |
внесуваме:
M - како основа ја земаме цената без данок
P - како основа ја земаме цената со данок
|
1. како основа ја земаме цената без данок:
Пример:
- цена 100 EUR, даночна стапка 19 %, малопродажна цена 119 EUR
- по преминување на даночна стапка 20 % резултатот ќе биде:
- цена 100 EUR, даночна стапка 20 %, малопродажна цена 120 EUR
Заокружи ПК:
Тука можеме да одлучиме дали сакаме програмот прво да ја заокружи продажната цена без данок, а потоа на заокружената цена да ја додаде новата даночна стапка.
Внесување на заокружување: на ова место внесуваме на која децимала сакаме заокружување.
2. како основа ја земаме цената со данок:
 |
Во случај да ја избереме оваа опција, се прикажува и прекинувачот Промена ВП1 и ВП2, кој е стандардно означен. Во овој случај, програмот соодветно ќе ги поправи и Веле-продажната цена 1 и 2. Ако го одштиклираме прекинувачот, програмот ќе ја поправи само продажната цена. |
Пример:
- цена 100 EUR, даночна стапка 19 %, малопродажна цена 119 EUR
- по преминување на даночна стапка 20 % резултатот ќе биде:
- цена 99,17 EUR, даночна стапка 20 %, малопродажна цена 119 EUR
Заокружи МПК:
Тука можеме да одлучиме дали сакаме програмот прво малкуда ја заокружи малопродажната цена, а потоа врз основа на заокружената цена да ја пресмета продажната цена.
Внесување на заокружување: на ова место внесуваме на која децимала сакаме заокружување.
Ги избираме даночните стапки:
Шифра од |
претходно важечка даночна тарифна бројка |
Шифра на |
нова даночна тарифа |
Процесот продолжува со клик на копчето
. Програмот во овој случај ги бара сите иденти со даночната стапка што сакаме да ја промениме, кои на датумот поставен во заглавието на документот Промени на цената, имаат залиха во складиштето поставено во заглавието на документот Промени на цената.
По успешно завршување на процесот, програмот ни го известува тоа (види Операцијата е завршена!).
 |
На така креираниот документ Промени на цената НЕ СМЕЕМЕ рачно ништо повеќе да менуваме, бидејќи со тоа можеме да ги нарушиме автоматски генерираните податоци. |