Табела со документи

Во модулот Документи сите документи што се зачувани во документацијата се прикажани во Табелата со документи.
Во табелата се прикажани основни, односно главни податоци за документот на пр. статус, архива, датум на документ, податоци за партнерот, класификација и шифра на складиште. Приказот го менуваме со одбирање на различни филтри.

Табелата се состои од следниве колони:
Статус
|
Прикажан е статусот на документот.
Бројот и имињата на статусите може да се дефинираат по желба. Во Пантеон два статуси на документи се предефинирани:
- A – Потврден: Документ со ваков статус е потврден од одговорното лице.
- N – Непотврден: Документ со ваков статус не е потврден од одговорното лице.
Опциите кои сакате да бидат понудени во ова поле може да ги креирате во Шифрарник на видови документи, во табот Статуси .
 |
СОВЕТ
За повеќе информации за тоа како да креирате статуси на документи, погледнете ги инструкциите опишани во поглавјето Архива за техничко упатство.
|
|
Клуч
|
Се користи уникатна шифра како идентификатор за документот. Едноставно, ова значи дека може да има само 1 запис со овој клуч во оваа табела или форма. Доколку пробате да внесете запис со примарен клуч за кој веќе има запис, програмот ќе појави грешка.
|
Архива
|
Ја покажува архивата во која е класифициран документот. Документот за вид на архива се дефинира во Шифрарникот на Видови на документи . Архивирањето и складирањето на документот се дефинирани врз база на Планот за класификација.
Архивата може да прима документи од различни маил сандачиња, кои може да бидат специфицирани во Администраторкса конзола | Подесувања | Интернет.
 |
СОВЕТ
Може да имаш онолку архиви колку што сакаш. Доколку чуваш архиви како на пр. по бизнис единици или по локации, може да дефинираш посебни архиви за секоја една индивидуална локација или бизнис единица.
|
|
Датум
|
Го покажува датумот и времето на креирање на избраните документи.
|
Датум на доспевање
|
Го покажува датумот на доспевање на документот, кој е преземен од Планот за класификација.
|
Партнер
|
Во полето е запишан партнерот кој е поврзан со овој документ. Истиот е преземен од Шифрарникот на партнери.
|
Субјект назив 2
|
Во полето е напишано името од Назив 2 на šпартнерот. Истиот е преземен од Шифрарник на партнери, полето Назив 2.
|
ИД Класификација
|
Во полето е запишано името на класификацијата (категорија) на одбраниот документ. Покрај тоа што документот е класифициран, класификацијата исто така дефинира и како се работи со документот (кое складиште е зададено на документот).
|
Назив
|
Во полето е запишан назив на документот, кој е автоматски генериран од модулот, зависно од каде е креиран документот, на пр. примен од bizBox, скениран документ, еДокументација.
|
Опис
|
Во полето пишуваме произволна напомена за документот.
|
ИД Складиште
|
Во полето е запишено името на складиштето каде документот е зачуван. Складиштата се креирани во менито Подесувања | Програм | Администраторска конзола на панелот Подесувања | Документација | Складирање или одредено складирање се доделува на документот кога ќе се избере класификацијата на документите.
|
ИД Сандаче
|
Во полето е запишано сандачето каде документот е пратен или примен. Сандачињата се креирани во менито Подесувања | Програм | Администраторска конзола на панелот Подесувања | Документација | Сандачиња.
|
 |
Совет
Може да го прилагодите екранот за тоа кои колони од табелата ќе ги гледате. Со десен клик на било која колона и одбирање Уредување | Избери колона, се отвора прозорчетоПрилагодување , со помош на кое може да додадете или отстраните колона/и.
|