Книжење


Примените фактури можат да бидат прокнижени од менито за автоматско книжење на примени фактури или директно од документот со функција за книжење на индивидуален документ.
Оваа функција се наоѓа во табот Книжење во материјалниот документ.

По успешно книжење или доколку Ви е потребен брз преглед за книжење на конкретен излезен документ, можете да ги најдете податоците во овој панел. Во налогот за книжење може да се отвори директно со двојно кликнување на бројот на налог.

Налог за книжење |
Број на налог на книжење каде што е искнижен овој документ. |
Позиција |
Број на позиција во која што е искнижен овој документ. |
Конто |
Конто на кое што е книжена конкретна вредност. |
Должи |
Вредност книжена на страна на Должи. |
Побарува |
Вредност книжена на страна на Побарува. |
Документ |
Број на документ кој што е основа на книжење. Ова е број на документот во кој што моментално се наоѓаме. |
Датум на документ |
Датум од позициј на документот во налогот на книжење. |
Врзан документ |
Бројот на врзан документ, што е внесен во налог за книжење. |
Датум на валута |
Датум на доспевање на фактура. |
Книжење |
Со ова копче ќе го прокнижите документот во кој што сте моментално позиционирани.(Погледни Книжење на фактури)
Доколку во шифрарникот на видови документи, овој докумнет е означен да биде само евиденциски документ, во тој случај книжењето не е можно и ова копче нема да биде активно!
|
 |
Со кликање на копчето Книг.состојба се отвара прозорец каде може да ја погледнеме состојбата на конкретниот партнер. |
 |
Книжењата во овој прозорец не може дабидат менувани рачно.Но, со двоен клик на бројот на документ може да пристапите до налогот во кој е прокнижен овој документ и директно во налогот да направите промени. |
Поврзани книжења
Во прегледот на поврзаните книжења, можете да најдете податоци за тоа како е прокнижено побарувањето до клиентот и како е затворено (плаќања, сметки за каса, ...).
За прегледот на поврзаните работни места, истиот документ за пополнување треба да се користи со испраќање документи (примена фактура, благајна, извод од банка и слично). |
Датумите во позициите се исти како и во претходниот панел и детално се опишани таму.