Пополнување на набавна цена |
Постави како ќе се калкулира цената за вреднување и ќе се пополни во колоната ("Цена за вреднување" во документот за издавање). Ова е цената по која ќе се намали вредноста на залиха за одбраниот магацин.
- Внес на цена - Цената за вреднување се пресметува при издавањето и може да се промени рачно. Цената за вреднување во овој вид на документи со вакво подесување, не се менува дури ни при Повторена пресметка на цените за вреднување.
- Пополнување на цени од моментално складиште - Последната просечна или постојана цена за тоа складиште за тој идент ќе биде зададена.
Ваквата цена ќе биде сменета по Повторена пресметка на цената за вреднување доколку е потребно за точно калкулирање на цената за вреднување според одбраниот начин на пресметка на цена за вреднување на ниво на складиште (погледнете Начин на пресметка на цена за вреднување за детали и примери).
- Автоматско - Последната просечна или постојана цена на складиштето ќе биде зададена.
Ваквата цена ќе биде сменета по Повторена пресметка на цената за вреднување доколку е потребно за точно калкулирање на цената за вреднување според одбраниот начин на пресметка на цена за вреднување на ниво на складиште. Цецната за вреднување на сторно документите се внесува или одредува според внесениот документ.
За издадените сметки, се користи опцијата Пополнување на цени од моментално складиште , а во ретки случаи се користи иВнес на цена. |
Контрола на мин. залиха |
Доколку е штиклирано, ќе се појави порака која ќе го предупреди корисникот дека залихата на идентот на сметката паѓа под минималната залиха (погледнете Залихата падна под минимум). Минимална залиха за идентите се одредува во Залиха табот во шифрарникот на иденти. |
Автоматско издавање на сериски броеви |
Доколку е штиклирано, сериските броеви ќе бидат автоматски зададени на идентите на документот за издавање. |
Дозволено менување назив на идент |
Доколку е штиклирано, називот на идентите ќе може да се промени на самиот документ без проблем на . |

Посебна ставка за Член 22 од ЗДДВ |
Промената на даночната група не ја повлекува промената на МПЦ Посебна ставка за Член 22 од ЗДДВ (ДДВ). |
Доколку салдото е надминато |
Одбери што да се случи кога салдото на еден коминтент'(отворени ставки + новокреираната фактура) го надминува лимитот поставен за коминтентот | Финансиски податоци во шифрарникот на партнери. Можни опции се:
- Не проверувај лимит - Издавањето на фактура ќе се изврши без разлика на салдото на коминтентот'.
- Предупредување доколку отворените ставки и лимитот се надминат - Ќе се појави предупредување кое ќе извести за отвореното салдо. но сепак фактурата ќе може дас е издаде.
- Дозволено издавање само на овластени лица - Издавањето ќе побара да се внесе лозинка на овластен корисник кој може да одобрува издавања на коминтенти со надминат лимит.
Видете Контрола на лимит за детали. |
Избор само на акт. артикли |
Доколку ова прозорче е штиклирано, само иденти кои се означени како Активни во заглавието на идентот, ќе може да се изберат на документите. |
Контрола на цена и количина на позициите <> 0 |
Доколку е означено, програмот ќе предупреди дека на внесениот идент нема зададено количина и/или цена. |
Потврди го документот кај исписот |
Доколку е означено, документите од овој вид на документи ќе бидат потврдени во моментот кога било кој испис ќе биде изгенериран за нив (фактура, испратница и сл.). На овој начоин може да се превенира непосакувана промена на документи кои веќе биде испринтани (во комбинација со соодветни авторизации). |
Задолжително е внесување на носител на трошок, мора задолжително да се дефинира |
Доколку е штиклирана оваа опција, носител на трошок на документите од овој вид на документи. Доколку не се постави носител на трошок, ќе се појави порака. (погледнете Носителот на трошок мора да биде специфициран). |
Видови на документ |
Ефектот на овој вид на документот за складиштето.
- Материјално - Документите од овој тип ќе имаат и материјално и финансиско влијание на магацинот - односно и количински и вредносно.
Се користи најчесто кога се фактурира секоја испорака посебно. (една испорака = една фактура).
- Збирно - Документи од овој тип нема да влијаат на залихата. Се користи доколку правите повеќе испораки, а креирате една збирна фактура за сите направени испораки (повеќе испораки = една фактура).
- Аванс - Документи од овој тип се користат за прием на авансни уплати за стока која се уште не е испорачана.
- Сопствена употреба - Документи од овој тип вклучуваат промет кој се употребува за сопствена употреба, не за деловна трговија.
|
Издавање |
Менито во кое ќе се појават овие видови на документи.
- Документ - Видот на документ ќе се појави во Материјално | Издавање | Документ.
- Збирно - Видот на документ ќе се појави во Материјално | Издавање | Збирно.
- Аванс - Видот на документ ќе се појави во Материјално | Издавање | Аванс.
- Интерно - Видот на документ ќе се појави во Материјално | Издавање | Интерно.
|
Благајнички прием |
Видот на документ за благајнички прием за овој вид на документи. Доколку ова е оставено празно, видот на документ кој е поставен во администратоска конзола | Подесувања | Претпријатие | Финансии | Општо ќе биде искористен. |
(Врзани видови на документи) |
Ова има 2 употреби.
- Во видови на документи за збирни фактури: внеси ги интерните документи за издавање (испратници) од кои би се креирала збирна фактура.
- Во видови документи за сторно: овде ја внесуваме шифрата на видот на документ кој би се креирал кога би направиле сторно документ.
Користи ; за да ги одвоиш видовите на документи во листата.
|
Поврзан документ |
Документот кој ќе се запише во колоната за Документ на Врзан документ во дневникот на книжење. Оваа информација е важна бидејќи отворените ставки се затвораат со повикување на врзаниот документ.
Можни опции се броеви на интерни документи, врзан документ 1 или 2, или некоја референца. |
Креирај референца |
Доколку е означено, ќе се креира референца за сите нови документи од овој вид на документ.
Ова стандардно е овозможено за сите видови на документи чии ID-а се состојат само од броеви, а се оневозможени за нови видови на документи. |
Порака при дупло внесување на идент |
Доколку е означено, порака ќе го предупреди корисникот доколку ист идент е внесен два пати на ист документ.
Работата непречено ќе продолжи, без оглед на пораката. |
Контрола на цена и количина на позициите |
Доколку е означено, порака ќе го предупреди корисникот дека ставката која е внесена нема зададено количиниа и/или цена.
Работата непречено ќе продолжи, без оглед на пораката. |
Не е дозволено менување на складиштето |
Доколку е означено, полето за складиште на документит од овој вид на документи, ќе биде заклучено и нема да може да се менува. |