Close
Затворање
Менито Затворање содржи функции за рачно или автоматско затворање на отворените ставки .

|
Отворени ставки се позиции на книжења во салда контата/главна книга кои немаат противкнижење во ист износ, за ист субјект, на исто конто, повикувајќи се на ист поврзан документ , или за иста валута.
|
Документите се затвораат со избор на противкнижење. Затворањето е важно при пребарување на платените, неплатените или делумно платените видови на документи ( види Преглед на книжења ). Документите исто така треба да бидат предходно затворени за правилно пресметување на затезна камата .

|
Постојат повеќе начини на затворање на документите. Наједноставниот е со внес на конто, субјект и број на поврзан документ кај книжење на изводи. Ако внесените информации се точни и износите се усогласени, документот ќе биде затворен .
|
Менито Затворање ги содржи следниве ставки :
- Рачно- рачно или автоматски се избираат книжењата за субјектите и контата кои взаемно ќе бидат затворени,
- Со прекнижување- рачно се избираат книжењата за субјектите и контата кои треба да бидат затворени со прекнижување или со противкнижење ( корисно е за затворање на сметки и кредитни белешки кои имаат различни датуми на доспевање),
- Компензации- затворање на отворените ставки со взаемни компензации ,
- Подготовка на мултикомпензација - подготовка на податоци за креирање на мултикомпензација ,
- Аванси - затворање на авансите на купувачи и добавувачи преку сметките за издадени и примени стоки или услуги,
- Паритетни разлики и касаконто.
- При затворање на паритетни разлики мора да се постави максималниот износ што може да биде раскнижен. PANTHEON ќе ги прегледа сите документи и таму каде што разликата помеѓу побарувањето и исплата ќе биде помала од назначениот износ, истата ќе биде прокнижена на избраното конто за паритетни разлики.
- Затворањето на касаконто функционира на сличен начин . Врз основа на внесените податоци за касаконта одобрени на деловниот субјект ( или типот на деловен субјект ) програмот проверува дали фактурата била платена во специфичниот период. И ако била, разликата се раскнижува на соодветните конта.