Close Button
Затвори
Со кликање на копчето Затвори при рачното затварање на отворени ставки, се затвараат само оние отворени ставки кои се претходно селектирани од листата на отворени ставки во панелот и истите со двоен клик се префлруваат во панелот за затварање.
Доколку се селектирани само отворени ставки или само плаќања, затварањето не може да биде направено и Програмот испишува предупредувачка порака ( погледнете Треба да одберете побарување и плаќање)
Доколку одберете побарување и плаќање, а притоа дел од од тоа побарување останува отворен на друг налог за книжење од листата на позиции за затварање, Програмот испишува порака ( погледнете Поврзаниот документ е сеуште отворен! Дали сакате да продолжите?)
Слично на ова, доколку одберете побарување и плаќање, а притоа дел од од тоа плаќање останува отворен на друг налог за книжење од листата на позиции за затварање, Програмот испишува порака ( погледнете Поврзаниот документ е сеуште отворен во листата за плаќања! Дали сакате да продолжите?)
|
Со оваа функционалност, Програмот креира соодветен број на позиции во налогот за книжење за затварање на побарувања/обврски. Новите позиции во налогот за книжење, при книжењето на изводите, добиваат нов број на позиција, а бројот на "Изворна позиција " се зачувува.
На овој начин, едноставно, во било кое време, може да се прикаже податок за позицијата на изворното книжење во налогот за книжење, со помош на исписот Сумарно по изворна позиција, додека пак реалниот уплатен износ, поделен помеѓу позиции, може да се прегледа преку Основниот испис на конто картица.
|
Пример:
Купувачот уплаќа износ од 10.000 ден на сметка, без да наведе за што е оваа уплата, односно без да наведе за кој документ се однесува ова плаќање.
1. Банкарски извод
Книжењето на банкарскиот извод во продолжение (полињата документ и врзан документ остануваат празни)

2. Рачно затварање на отворените ставки
Следно, може да се направи рачно затварање на отворените ставки, преку модулот соодветен за истото. Се затвараат отворените побарување од купувачот со плаќањата на купувачот, на кои не е навена напомена на плаќање.
Со клик на копчето
ни се прикажува листа на побарувања од една страна и листа на плаќања од друга страна

3. Избор на документи и плаѓања за затварање
Со двоен клик се одбираат отворените побарувања (F5) и отворените плаќања (F7) и истите се пренесуваат во панелот за затварање на побарувања (F4) и плаќања(F6) .Во полето Салдо на отворени ставки, програмот го пресметува преостанатиот износ за затварање ( погледнете Затварање на отворени ставки)
Во нашиот пример, одбрана е една фактура чиј износ е поголем од уплатениот износ.

4. Затварање на отворени ставки
Со кликање на копчете
, во прокнижената позиција во налото за книжење, се пополнува полето Документ и Поврзан документ
Позиции во налогот за книжење пред затварање:

Позиции во налогот за книжење по затварање:

5. Преглед на конто картица
Исписот на конто картица сумарно по изворна позиција, ги собира сите позиции од налогот за книжење, кои имаат иста изворна позиција, а меќусебе се разликуваат по поврзаниот документ. Овој испис ни прикажува износ на плаќања пред поделба при затварање на отвотенни ставки

Основниот испис на конто картица исто така ги прикажува сите позиции на конто картицата и поврзаните документи, што споредбено со исписот погоре го нема.

6. Преглед на дневникот на книжење
