IRIS 1001473 Проверување на автентичноста на лицен
Проверување на автентичноста на лиценците на програмот PANTHEON
Известување:
На пример да сте го замениле вашиот стар сервер со нов, или пак некој го користи вашиот сериски број за Pantheon, ве молиме да се јавите во нашиот сервисен центар и да не известите, за да можеме повторно да ја активираме вашата лиценца.

Генерално:
Со билдот на надоградбата (55.56.20) на ден 6.4.2012, ќе има начин за заштита на Pantheon лиценците. Со новите верзии нема да може да се користи ист сериски број на повеќе различни SQL сервери. Исто така надоградбата на базата на серверот нема да може да се икористи на друга база.
Во пракса ова значи дека лиценците на сметководствените фирми кои се под ист сериски број и се наменети за внатрешна употреба нема да можат да го користат на серверите на нивните клиенти. Ќе треба надоградбата да се прави на комјутерите на клиентите со посебен сериски број.
Решение:
Сметководствените фирми кои имаат купено лиценци за во корист на нивните клиенти потребно е да ги префрлат на друг сериски број под услов оваа лиценца да ја користи само купувачот. Лиценцата е заклучена на компјутерот и SQL серверот веќе не е во можност да врши пренос.
Се надеваме дека овие промени ќе поминат без поголеми проблеми меѓутоа сепак треба да го земете во предвид и фактот дека имаме преку 26.000 корисници.
За таа цел поставивме линија 6.4. до 20.4. 02/3079 231, која ќе работи непрекинато 24 часа сите овие денови како би можеле да ви помогнеме.
Ви препорачуваме да ја направите новата надоградба најдоцна до 20.4., како би можеле да ви помогнеме. По тој датум помош ќе може да добиете во вообичените термини од 8:30 до 16:30 секој работен ден.
Важно:
При првото најавување во РANTHEON, со кои ќе бидат опфатени новите контроли за автентичноста на лиценците ќе морате да се најавите како администратор!