Субјект има обрачунати камати. Но, дали да ги додам на сметката?
ИРИС 1003010 - Субјект има обрачунати камати.

Оваа порака се појавува кога имаме на Врста на документот (Поставки - Програма - Врсти документи - Камати) за Камати на купците вклучен прекинувач Об креирање издадени сметки пронајди обрачунати камати.

Програмата ни дава на избор четири опции за продолжување на работата:
- Додај - Програмата ќе го додаде износот на обрачунатите камати и поврзаните трошоци како нови ставки на сметката. Доколку на сметката ја избришеме оваа ставка, при повторно печатење на сметката нема да добиеме повеќе опции за додавање односно ИРИС 1003010 известувања.
- Не додавај - Програмата на оваа сметка нема да ги додаде обрачунатите камати и повторно ќе ги понуди при креирањето на следната сметка за овој субјект.
- Шифрант видови документи - Се отвора шифрант на видови документи, каде што можеме да ги одзначиме поставките за наплаќање камати на издадените сметки.
- Преглед на упатства - Се отвораат кориснички упатства.
Избираме една од опциите и продолжуваме со работата.