ИРИС - Увоз субјектите од Excela
Увоз субјектите од Excela
Можноста е наменета пред сè за новите корисници на програмот, кои сакаат за полесен почеток на работа да увезат шифрант на субјектите (доставувачи, купци...) од Excel датотека. Увозот е наменет пред сè за увоз на основните видови субјекти со нивните основни податоци (доставувач, купец, банка...).
Увозот се изведува за основните податоци на субјектите со однапред предвидена структура на XLS датотеката, и на тој начин е наменет пред сè за корисниците со основно знаење на Excel.
Можноста за увоз на субјектите од Excela можете да ја најдете во шифрантот на субјектите, како што прикажува сликата.

Забелешка:
За увоз на по специфични видови субјекти, кои се поврзани со различни други содржини, потребно е шифрант дополнително рачно да се дополни. Тоа важи на пример за складиштата, за кои определуваме начини на управување со залихи; шифрант на вработените, кој во продолжение се поврзува со податоците од кадровската евиденција и слично...
За напредни корисници, како и досега, сè уште е достапна можноста за користење на увозот со Import Wizard-от, кој овозможува напредни и побарани опции за увоз на содржини.
При користење на можноста Увоз од Excel датотека, прво се отвора ИРИС, кој ви овозможува различни избори на увоз или извоз на субјекти, како што прикажува сликата.

Увоз на нови субјекти |
Можноста овозможува увоз на нови субјекти од датотека, кои сè уште не постојат во шифрантот. За можноста за увоз, верзијата мора да биде изработена XLS датотека 97-2003 или помалку. |
Извоз на шифрантот на субјектите |
Можноста овозможува извоз на шифрантот на субјектите во Excel датотека. Содржината е во таква форма, што овозможува дополнителен увоз во истата база на податоци или во која било друга база на податоци или друг програм Pantheon. |
Извоз на структурата на Excel датотеката на субјектите |
Можноста ви овозможува да во изработената структура на XLS датотеката внесете ваши податоци за субјектите, да ги зачувате, и потоа да ги увезете во шифрантот. На тој начин програмот ви изработува предвидената верзија и форма на структурата на XLS датотеката, така што не е потребно да го правите тоа рачно. |
Преглед на упатствата |
Приказ на упатствата содржани во ИРИС пораката |
При извозот на шифрантот или структурата на Excel датотеката, називите на колоните се наведени со називот од програмот, во заграда е наведено и името на податокот од самата база на податоци. Редоследот на колоните за увоз е однапред предвиден.

Важно:
Клучно за увозот на податоците е, да имате во Excel датотеката правилно внесени податоци, од кои некои се задолжителни, како што важи при рачното внесување на субјектите во шифрантот. Податоците мора да бидат внесени во форма, каква што ја користи програмот при рачното внесување на субјектите!
Пред сè, внимавајте на различните видови ознаки на субјектите (T-true или F-false и слично). Како се поставени содржините во програмот можете да видите во случајот на опцијата за извоз на субјектите во Excel, каде што податоците се во правилна форма, каква што треба да имате и при увоз!
Припадничките податоци, кои ги внесувате во Excel датотеката за увоз и потекнуваат од помошните шифранти за употреба при субјектите, мораат претходно веќе да бидат во базата на податоци на програмот (држави, поштенски броеви, шифри на дејности, двоцифрени ID ознаки за ДДВ...). Во спротивно, увозот нема да биде успешен или точен!
Забелешка:
Увозот на субјектите овозможува и пополнување на видот на продажба и набавка за секој поединечен субјект во XLS датотеката за увоз - колоните Начин на продажба (acWayOfSale) и Начин на набавка (acSuppSaleMet).
Подолу е прикажана табелата, каква ознака во XLS датотеката е наменета за секој вид продажба или набавка во програмот Pantheon. Во случајот, ако овие податоци во XLS датотеката не се внесени, ќе се увезе видот на продажба и набавка за субјектите, како што е тоа подразбирано поставено во самиот програм.
Содржината на видовите на продажби и набавки во однос на ознаките за SI локализација:
