Далечинска поддршка за хост корисници
Во продолжение е даден опис како да се започне и изврши поддршка на далечина за хостинг корисници.
- Иницирање поддршка на далечина
- Иницирање поддршка на далечина Pantheon
1. Далечинска поддршка за хост корисници
- Контактирајте ја вашата поддршка и побарајте сесија за далeчинска поддршка.
- Кога поддршката е спремна ќе ви јават, вообичаено по телефон. Внесете краток опис (до 60 карактери) зошто барате поддршка и кликнете на копчето Започни.

- Вашата поддршка ќе ве води додека сте на телефон и заедно работите на вашиот компјутер.
- Може да комуницирате со вашата поддршка преку текст пораки. Вашите пораки се сочувуваат така да можете подоцна да ги прегледате.
 |
Далечинската поддршка генерално се наплаќа. За повеќе информации контактирајте го вашиот провејдер или Даталаб партнер. |
2. Иницирање поддршка на далечина директно од PANTHEON
 |
Доколку нема опција за Host support login во менито Помош, тогаш проверете дали базата е навистина ХОСТ база. Проверете дали во табелата tPA_SysParamSys во полето acIsHostDB е 'T'. |
 |
Во Pantheon.ini фајлот под секцијата [Program] додадете нов запис HostingSupportLogin=username, каде username е вашете корисничко име за Usersite. Ако корисничкото име во Pantheon.ini фајлот е оставено празно (HostingSupportLogin=) може да се внесе подоцна на формата за најава за приказ на активни сесии.
|
Може да иницирате поддршка на далечина директно од PANTHEON со избор на опцијата Поддршка на далечина за хост корисници во менито Помош (или иконата
во било кој прозорец).

На оваа интернет страна корисникот има опција да дозволи Pantheon AD корисникот да има пристап до одбраната база(и). Доколку Panthoen детектира дека е тоа Host login, се нуди трета опција Host Login Support како Автентикација. Исто така се дефинираат број на денови AD логинот ќе биде активен за таа сесија. Потоа се кликнува на START.


После клик на копчето START на интернет страната вашиот AD логин е подготвен. Отворете го Pantheon и од полето Автентикација одберете Host Login Support.

Се отвора форма форма за активни сесии. Внесете го вашиот корисник и лозинка од Партнер страната. После клик на копчето
се прикажани сите активни сесии (за поддршката). Изберете ја вашата сесија и клик на копчето
а потоа
за да се отвори Pantheon.

Назад кон Поддршка на далечина.