Пренос нарачки на купца на отпремна листа
Пренос нарачки на купца на отпремна листа
Најпрво по обичен постапка изработуваме нарачка на купца (гледај поглавје Нарачки на купците).
1. Пренос нарачки на купца на отпремна листа
За пренос нарачки на купца на отпремна листа имаме на располагање два начина:
Пренесените позиции потоа можеме да ги уредуваме (менуваме количини или дури бришеме позиција, ако не планираме да ја издадеме). Ако нарачката, која веќе е пренесена на отпремна листа, накнадно ја поправаме, програмот при промена на податоците во позицијата на нарачката отвара и табелата на отпремната листа (гледај ОЛ и поправка на количини на нарачката).
2. Поединечно додавање нарачки на отпремна листа
|
На отпремна листа се на таков начин пренесуваат само тие нарачки, кои:
- имаат во нарачката избрано така складиште , кое бара испорака преку отпремна листа
- или нарачки, кои складишта немаат определено
|
2.1 Непосредно од нарачката на купецот со помош на копчето "Додај на отпремна листа" во работната лента
Од работната лента на нарачката на нарачката кликнуваме на копчето "Додај на отпремна листа"
. Ако оваа нарачка веќе е пренесена на отпремна листа, програмот прво ни известува (гледај Нарачката е веќе пренесена на отпремна листа! Дали сакате повторно да ја пренесете?).

Ако избереме
, ни ја прикажува отпремната листа само на екранот. Ни ги прикажува само позициите на нарачката, која моментално ја обработуваме.
Ако пак избереме
, освежува податоците на отпремната листа и ни ги прикажува на екранот. Ни ги прикажува само позициите на нарачката, која моментално ја обработуваме. Со тоа ја откажуваме и секоја можна рачна поправка на отпремната листа (гледај Распределување на позиции).
Ако се обидеме на отпремна листа да додадеме нарачка, во која е означено дека ќе биде испорачана од склад, за кој не сме избрале испорака преку отпремна листа, програмот јавува грешка (гледај Складот нема означена испорака од отпремната листа!).
Ако така одредиме во параметрите на програмот, секоја нарачка автоматски ќе биде додадена на отпремна листа веднаш, кога ќе и припишеме соодветен статус.

Во параметрите на програмот е подразбирано одредено, да се секоја нарачка автоматски додава на отпремна листа веднаш, кога ќе и припишеме статус "Потврдена нарачка".
При внесување на нова нарачка, таа добива најнизок статус, кој е дефиниран во шифрант на видови на документи на нарачките (подразбирано "Понуда").
Кога така нарачката на купецот ја потврдиме, и припишуваме статус "Потврдена нарачка". Со преднаставените поставки на параметрите (гледај Параметри | Нарачки) веднаш потоа автоматски се активира функцијата за додавање на отпремна листа, како да ја активиравме со клик на копчето
. Од тука натаму постапката е, значи, таква, како што е веќе опишана под точка 2.1.
3. Збирно додавање нарачки на отпремна листа
Нарачките можеме да ги додаваме на ОЛ и пакетно. Во прозорецот за збирно додавање ги поставуваме критериумите за избор, на основа на кои програмот собира нарачки, кои сакаме да ги пренесеме на отпремна листа:
Со клик на копчето
додаваме сите нарачки, кои одговараат на избраните критериуми, на отпремна листа.
Ако обавезните критериуми (промети и статус) не ги внесеме, програмот јавува грешка (гледај Критериите мораш обавезно да ги внесеш!).
|
Резултатите од збирното додавање можеме да ги видиме во панелот "Преглед "! |
4. Онеможување на додавање нарачки на отпремна листа
Во случај да избраниот купец го надмине лимитот и не сакате неговата нарачка да се пренесе на отпремна листа, можете да го спречите тоа, така што во административната конзола при авторизацијата за корисникот поставите нулта авторизација за рубриката "Дозволен промет при отворено состојание". За функционирање на ново поставената авторизација потребно е повторно да се пријавите во програмот.

Покрај авторизацијата, потребно е во шифрант на субјекти за овој купец да имате означена опцијата "Контрола на лимитот",

во административната конзола поставени премини на статуси за додавање на отпремна листа (на пример од 2 на О),

и во шифрант на видови на документи за нарачките на купците (подразбирано 010) при статусот "О Испорачано" поставен начин на издавање при отворено состојание на купецот на A-Дов.издавање само овластени и обележана опцијата "Контрола на лимитот".

Со споменатите поставки, при прекорачување на лимитот за избраниот купец ќе се појави порака за надминат лимит и недозволена испорака на документот, така што нарачката на купецот нема да се пренесе на отпремна листа.
